четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Филмоскоп

филмоскоп

Шон Пен се повлече од два филма

Ѕвездата на филмот "Милк" се откажа од два големи филмски проекти: "Тројцата лакеи" и крими-трилерот "Картел", и си зеде продолжен одмор од Холивуд за да може да му се посвети на семејството. Изворите велат дека паузата можеби ќе трае цела година.
Во мај, Пен побара отфрлање на законската одлука за развод од неговата сопруга Робин Рајт Пен

ЛОС АНЏЕЛЕС (Холивуд репортер) - Шон Пен си ги зема оскарите и си оди дома. Ѕвездата на филмот "Милк" се откажа од два големи филмски проекти: "Тројцата лакеи" и крими-трилерот "Картел", и си зеде продолжен одмор од Холивуд за да може да му се посвети на семејството. Изворите велат дека паузата можеби ќе трае цела година.
Во мај, Пен побара отфрлање на законската одлука за развод од неговата сопруга Робин Рајт Пен. Актерот по втор пат се предомислува кога е во прашање бракоразводната постапка.
Дилемата за "Тројцата лакеи" е поголема. Сценаристите и режисери на проектот, Питер и Боби Фарел изминатава деценија се бореа да добијат дозвола од "МГМ" и во март направија одличен избор на улогите: Пен како Лари, Џим Кери како Карли и Бенисио дел Торо како Мо. Сега дилемата е дали да го чекаат Пен да се врати од одмор или да му бараат замена.
Главните проблеми се временското ограничување и расположливоста на актерите. Филмот треба да почне да се снима во август, а "МГМ" најавија дека ќе биде готов во 2010. Ако од студиото решат да го чекаат Пен, ризикуваат да ги изгубат Кери и Дел Торо. Од друга страна, половина Холивуд ќе си извади очи за овие улоги.
Филмското студио "Универзал" и продуцентите од "Имеџин ентертенјмент", планираат да продолжат со "Картел" без Пен и ќе почнат нов кастинг за неговата улога. Сценариото, на кое уште се работи, е приказна за еден човек кој тргнува на пат да ги заштити синовите откако жената ќе му ја убијат припадници на мексикански нарко-картел. Режисер на филмот ќе биде Асгер Лет, а уште не се договорени термините за снимање и издавање на филмот.
Пен веќе има два завршени проекти зад себе, пред да се повлече, "Дрвото на животот" на Теренс Малик и адаптацијата на политичките мемоари на Валери Плејм, во режија на Даг Лиман, "Фер игра".

  
  
  
  
  

 
најчитани наслови
1. Елвис Бајрам не се запиша во средно
2. Сервер: Ќе ги нарекувам Македонците - Македонци
3. ПАСОК: Слетувањето на владиниот авион со името Република Македонија опасен преседан
4. Жените ме направија човек
5. По­ми­нал на црвено и прегазил полицаец
6. Берлускони и другарите си плаќале женски да им заличат журките
7. Џеј-Џеј и Тони Зен загреани за еден "Модел"
8. Испокршиле три автомобили за да снимаат спот
9. Сека Сабљиќ играше пред празна сала
10. Кило коса во стомакот

Го прашуваат малиот Трпе во градинка .
- Што ќе бидеш кога ќе пораснеш?
- Ќе бидам голем!

                  * * *

Продавам енциклопедија "Британика"...мојата жена знае се!

На пиво со Ана

Пријатели на Вест