петок
10.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Сакам да кажам

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски

Бин­го ми­нис­тер

Ма­ке­до­ни­ја е зем­ја во ко­ја не са­мо што не­маш шан­са да би­деш сре­ќен ту­ку не ти да­ва­ат ни на­деж де­ка мо­жеш да се ус­ре­ќиш...Пишува Горан Михајловски 

1  Грч­ки не­о­на­цис­ти аг­ре­сив­но се оби­доа да спре­чат про­мо­ци­ја на реч­ник во прес-цен­та­рот на Ати­на. Да се слу­че­ше тоа кај нас, ќе мо­рав­ме си­те ко­лек­тив­но да се са­мо­у­би­е­ме. Оти и ЕУ и ОБ­СЕ и раз­ни хел­син­шки ко­ми­те­ти, неб­ро­е­ни ор­га­ни­за­ции за чо­ве­ко­ви пра­ва и за раз­вој на де­мок­ра­ти­ја и не­за­вис­ни до­маш­ни ин­те­лек­ту­ал­ци ќе ни се ка­чеа на гла­ва и ќе нè стол­чеа.
Ама би­деј­ќи тоа се слу­чи во ко­леп­ка­та на де­мок­ра­ти­ја­та, си мол­чат и ќе про­дол­жат да си ја лу­ла­ат.

2  Ми­нис­те­рот за об­ра­зо­ва­ние Пе­тар Сто­ја­нов­ски зав­че­ра ре­че де­ка Ми­нис­терс­тво­то не­ма под­гот­ве­но кри­те­ри­у­ми за вра­бо­ту­ва­ње на нас­тав­ни­ци­те што до­се­га би­ле вра­бо­те­ни на оп­ре­де­ле­но вре­ме. Ми­нис­терс­тво­то уш­те не знае кол­ку нас­тав­ни­ци има со "оп­ре­де­ле­но вре­ме", но спо­ред не­кои про­це­ни, мо­же и да се 6.000.
Овие нас­тав­ни­ци што со го­ди­ни ра­бо­тат со ре­ше­ние за оп­ре­де­ле­но вре­ме се нај­по­год­ни за уце­ни и ма­ни­пу­ла­ции. Се­ко­ја власт до­се­га ма­ни­пу­ли­ра­ла со тие лу­ѓе. Пред се­кои из­бо­ри им ве­ту­ва­ат де­ка од оп­ре­де­ле­но вре­ме ќе ги унап­ре­дат во вра­бо­те­ни на не­оп­ре­де­ле­но вре­ме.
Та­ка што ми­нис­те­рот за об­ра­зо­ва­ние не згре­шил ко­га ре­че де­ка не­го­во­то ми­нис­тер­ство не­ма кри­те­ри­у­ми по кои ќе ги вра­бо­ту­ва нас­тав­ни­ци­те. Важ­но е ВМРО-ДПМНЕ да има под­гот­ве­но кри­те­ри­у­ми за вра­бо­ту­ва­ње.

3  Уба­во е што Вла­да­та со пла­те­ни ог­ла­си по ме­ди­у­ми­те ги по­ви­ку­ва ро­ди­те­ли­те да ги за­пи­шат де­ца­та во сред­но учи­лиш­те.
Ама во ог­ла­сот фа­ли уш­те еден па­сус. Во кој Вла­да­та ќе ги по­ви­ка ро­ди­те­ли­те: "Пред да го за­пи­ше­те на шко­ла, за­пи­ше­те го де­те­то во пар­ти­ја". За да мо­же да го вра­бо­ти­ме ко­га ќе за­вр­ши сред­но.

4  Ми­нис­те­рот за прав­да Ми­хај­ло Ма­нев­ски пред ед­на не­де­ла јав­но из­ја­ви де­ка тој лич­но ќе се за­ло­жи не­го­ва­та соп­ру­га Фи­ли­ме­на Ма­нев­ска да би­де раз­ре­ше­на од су­диј­ка во Апе­ла­ци­о­ни­от суд за­тоа што ис­пол­ну­ва ус­ло­ви за пен­зи­ја.
Тоа кол­ку не­кој да не по­мис­ли де­ка судс­тво­то е за­вис­но. Оти, ако ми­нис­те­рот за прав­да не да­де­ше јав­на из­ја­ва, Суд­ски­от со­вет уш­те ќе има­ше "поп­ри­о­ри­тет­ни пра­ша­ња од раз­ре­шу­ва­ње­то на су­ди­и­те што ве­ќе ја те­ра­ат 65-та­та го­ди­на". Ва­ка, прет­се­да­те­лот на Суд­ски­от со­вет Ва­сил Гр­чев, ко­неч­но нај­де пет - шест се­кун­ди вре­ме за да кон­ста­ти­ра де­ка Фи­ли­ме­на и уш­те не­кол­ку су­дии го ис­пол­ни­ле ус­ло­вот за пен­зи­ја.
Ште­та за ре­фор­ми­те. Со за­ми­ну­ва­ње­то на соп­ру­га­та на ми­нис­те­рот, Апе­ла­ци­о­ни­от суд ос­та­на без инс­трук­тор. А бо­га­ми и су­ди­и­те во по­нис­ки­те су­до­ви.
При­тоа на инс­трук­тор не мис­лам ка­ко на ли­це што вр­ши обу­ка. Ту­ку бук­вал­но. Инс­трук­тор во смис­ла на ли­це што да­ва инс­трук­ции.

5  Ми­нис­те­рот за фи­нан­сии Трај­ко Сла­ве­ски ре­че де­ка заб­ра­на­та за ра­бо­та на шпе­ди­ци­ја­та на "Фер­шпед" не­ма по­ли­тич­ка зад­ни­на. "Не­мам ниш­то про­тив 'Фер­шпед'. Еве, из­ле­гу­вам од хо­те­лот 'Алек­сан­дар па­лас', тоа е ни­вен хо­тел", ре­че Сле­ве­ски.
Мо­же Сла­ве­ски и на­вис­ти­на не­ма ниш­то про­тив "Фер­шпед". Ама смее ли да мис­ли не­кој та­му, или са­мо мо­ра по ди­рек­ти­ва да се ра­бо­ти? Оти ако Сла­ве­ски мис­ле­ше, си­гур­но не­ма­ше уш­те пред по­ве­ќе од две го­ди­ни за ина­ет баш на "Фер­шпед" да не ги про­дол­жи ли­цен­ци­те за ло­то и бин­го. А во ис­то вре­ме не бе­ше под­гот­вен вед­наш да ор­га­ни­зи­ра др­жав­на ло­та­ри­ја. Па Ма­ке­до­ни­ја ос­та­на единс­тве­на зем­ја во Ев­ро­па без ло­то и бин­го. Зем­ја во ко­ја не са­мо што не­маш шан­са да иг­раш на сре­ќа ту­ку Вла­да­та не ти да­ва ни на­деж де­ка мо­жеш да се ус­ре­ќиш.
Спо­ред прес­мет­ки­те на Ло­та­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја, ме­ѓу 4 и 5 ми­ли­о­ни ев­ра го­диш­но би из­не­су­ва­ле при­ли­ви­те во др­жав­на­та ка­са врз ос­но­ва на пла­ќа­ња за ли­цен­ци за ор­га­ни­зи­ра­ње иг­ри на сре­ќа, за па­у­шал­ни ме­сеч­ни да­вач­ки за ав­то­мат клу­бо­ви и ка­зи­на и за по­себ­ни да­вач­ки за ло­то, ин­стант-ло­та­ри­ја, бин­го и за спорт­ска прог­но­за. На тоа се на­до­вр­зу­ва­ат и пер­со­нал­ни­те да­но­ци на до­бит­ни­ци­те. Тоа зна­чи де­ка ве­ќе се из­гу­бе­ни нај­мал­ку 8 ми­ли­о­ни ев­ра за­тоа што Сла­ве­ски не ги про­дол­жил ли­цен­ци­те за иг­ри­те на сре­ќа.
Што че­ка­ат јав­ни­от об­ви­ни­тел Љуп­чо Швр­гов­ски и ми­нис­тер­ка­та за внат­реш­ни ра­бо­ти Гор­да­на Јан­ку­лов­ска? Ете слу­чај за спро­ве­ду­ва­ње на фа­моз­на­та од­ред­ба зло­у­пот­ре­ба на служ­бе­на дол­жност и ов­лас­ту­ва­ње, и шан­са за ми­нис­те­рот Сла­ве­ски спек­та­ку­лар­но да го ше­та­ат со ли­си­ци пред ка­ме­ри. Ако не ги про­дол­жил ли­цен­ци­те кои си­гур­но на Бу­џе­тот му но­сат па­ри, а зна­ел де­ка др­жа­ва­та не е спрем­на да ор­га­ни­зи­ра иг­ри за да ги зе­ме са­ма­та па­ри­те, тој свес­но го ош­те­тил Бу­џе­тот за нај­мал­ку 8 ми­ли­о­ни ев­ра. Ако на Ци­ле за зло­у­пот­ре­ба на служ­бе­на дол­жност и ов­лас­ту­ва­ње за три ми­ли­о­ни ев­ра тај­ван­ски кре­ди­ти му од­ре­ди­ја зат­вор од 3 го­ди­ни и плус тре­ба да вра­ти ми­ли­он и пол ев­ра, то­гаш на Сла­ве­ски би му од­ре­ди­ле ба­рем уш­те три го­ди­ни зат­вор и да вра­ти ба­рем три ми­ли­о­ни ев­ра.

6  Пред две не­де­ли на­пи­шав де­ка "шес­тми­на ам­ба­са­до­ри, по по­вод слу­ча­јот ЕВН, по­ба­ра­ле од пре­ми­е­рот да им ка­же как­ви на­по­ри ќе пре­зе­ме Вла­да­та да вос­пос­та­ви суд­ски сис­тем кој е тран­спа­рен­тен и заш­ти­тен од вла­ди­ни вли­ја­ни­ја".
То­гаш на­пи­шав и де­ка на ЕВН им е лес­но. За­тоа што тие мо­жат да дој­дат, ама и да си одат од зем­ја­ва. Ама што би пра­ве­ла ма­ке­дон­ска фир­ма ко­ја ут­ре тре­ба кај ис­ти­от су­ди­ја да ба­ра прав­да. Кои шест ам­ба­са­до­ри ќе пи­шат пис­мо до пре­ми­е­рот?
Не е тол­ку страш­но, што ка­ко за ЕВН, за "Фер­шпед" не­ма ам­ба­са­до­ри. Ама пос­траш­но е што не­ма ни опо­зи­ци­ја ни ме­ди­у­ми кои ќе мо­жат да би­дат оп­ште­ствен ко­рек­тив се­ко­гаш ко­га ќе се нап­ра­ви зло­у­пот­ре­ба со си­ла во име на вла­де­е­ње на пра­во­то.
Меч­ка­та ве­ќе трг­на­ла. И ќе иг­ра. Не се знае ут­ре во чиј двор ќе за­иг­ра.

7  По по­вод Ду­хов­ден, Из­врш­ни­от ко­ми­тет на ВМРО-ДПМНЕ вче­ра ги по­ви­ка ме­ди­у­ми­те да за­бе­ле­жат де­ка ќе па­лат све­ќи во Со­бор­ни­от храм во Скоп­је за по­кој на ду­ши­те на бор­ци­те за не­за­вис­на, са­мос­тој­на и сло­бод­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.
Од ко­га пуб­ли­ци­тет се пра­ви ко­га се па­ли све­ќа за ду­ша? Од ко­га ста­нав­ме кон­зер­ва­тив­на и мно­гу ре­ли­ги­оз­на зем­ја? Се пра­ват го­ле­ми вер­ни­ци, а не зна­ат де­ка ем ве­ра­та ем за­душ­ни­ца е нај­ли­чен праз­ник и не­ма вр­ска со ка­ме­ри.
Не се ви­нов­ни тие. Не­ма­ле ве­ро­на­у­ка во шко­ло.

  
  
  
  
  

 
најчитани наслови
1. Објавени сликите од секс журката на Берлускони
2. Се самоубил со оргазам
3. 30 години летува во иста соба во ист хотел во Охрид
4. Бин­го ми­нис­тер
5. Германка си го бара таткото Македонец
6. Пла­жа­та "Корали" изгоре до темел
7. Об­јас­не­те ги ценетите женски атрибути
8. Зграпчи го Вест
9. ТОП 5 Највисоки победи
10. Ан­глис­ко­то првенство во фудбал од А1 оди на Сител
Трпана оди во аптека и од аптекарот бара "арсен".
- Госпоѓо, тоа ви е многу силен отров!
- Знам, сакам да го убијам маж ми.
- Жал ми е, за таа намена не можам да ви го дадам ареснот.
Во тој момент Трпана од чантата вади слика од Трпе и жената на аптекарот како се сексаат, и му ја дава.
- О, извинете госпоѓо не знаев дека имате рецепт!

ПОШТА
По­вод: Протестно писмо по повод текстот објавен во "Вест" на 3.06.2009 под наслов "Мис 90-ка"
Пријатели на Вест