петок
10.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Книга

КНИ­ГА НА НЕ­ДЕ­ЛА­ТА

"Сам­рак" од Сте­фа­ни Ма­јер

Ро­ма­нот "Сам­рак" е кни­жев­но­то де­би на Сте­фа­ни Ма­јер, осо­бе­но по­пу­ла­рен ме­ѓу ти­неј­џе­ри­те во Аме­ри­ка.
По ус­пе­хот на неј­зи­но­то пр­вен­че, Ма­јер ќе ги из­да­де и не­го­ви­те про­дол­же­ни­ја "Мла­да ме­се­чи­на", "Зам­ра­чу­ва­ње" и "За­зо­ру­ва­ње".
При­каз­на­та, ис­тов­ре­ме­но ро­ман­тич­на и мор­ни­ча­ва, се вр­ти око­лу сред­нош­кол­ка­та Бе­ла ко­ја мо­ра да го на­пуш­ти сон­че­ви­от Фе­никс во Ари­зо­на, за да жи­вее со тат­ко $ во ед­но ма­ло дож­дли­во грат­че ка­де што си­те ме­ѓу­себ­но се поз­на­ва­ат и, се чи­ни, де­ка тај­ни­те не мо­жат да се скри­јат, са­мо што Бе­ла от­кри­ва неш­то шо­кан­тно.
Мом­че­то во кое е вљу­бе­на има не­об­јас­ни­ва и не­о­до­ли­ва жел­ба за крв, за неј­зи­на­та крв, па та­ка таа се на­о­ѓа на пра­гот на смрт­та или на бес­мрт­нос­та.
"Сам­рак" е из­да­ние на "Три" и се про­да­ва по це­на од 500 де­на­ри. Во те­кот на след­на­та сед­ми­ца, со исе­чо­ков од вес­ни­кот мо­же да се ку­пи со 20 от­сто по­пуст во кни­жар­ни­ца­та на оваа из­да­вач­ка ку­ќа во ГТЦ.

"Бе­ла­та Ма­саи" од Ко­рин Хоф­ман

Оваа кни­га, љу­бов­на и аван­ту­рис­тич­ка при­каз­на, е, всуш­ност, жи­вот­на­та сто­ри­ја на ав­тор­ка­та Ко­рин Хоф­ман.Таа за­ми­ну­ва на са­фа­ри во Аф­ри­ка, без да пла­ни­ра де­ка ќе се вљу­би во мла­ди­от Аф­ри­ка­нец, па ос­та­ну­ва рас­пна­та ме­ѓу две ци­ви­ли­за­ции, две кул­ту­ри, два раз­лич­ни све­та.
"Бе­ла­та Ма­саи" е из­да­ние на "Ма­ти­ца".
Се про­да­ва по це­на од 260 де­на­ри.

"Ме­на­џер за ед­на ми­ну­та" од Блен­чард/Џон­сон

Кни­га­та е лес­но чит­ли­ва при­каз­на ко­ја на ефи­ка­сен на­чин раз­ра­бо­ту­ва три прак­тич­ни ме­на­џер­ски тех­ни­ки. Ка­ко што се од­ви­ва при­каз­на­та, ќе ги от­кри­е­те дос­тиг­ну­ва­ња­та од об­лас­та на ме­ди­ци­на­та и пси­хо­ло­ги­ја­та и ќе сфа­ти­те што ги пра­ви овие тех­ни­ки тол­ку де­лот­вор­ни.
Це­на­та е 150 де­на­ри. 

"Бе­ло­то зла­то" од Џајз Мил­тон

"Бе­ло­то зла­то" е не­о­бич­на при­каз­на за еден ми­ли­он ро­бо­ви кои би­ле граб­на­ти во Ев­ро­па и од­не­се­ни во Се­вер­на Аф­ри­ка. Зло­коб­ни­те бер­бер­ски пи­ра­ти гра­ба­ле ма­жи, же­ни и де­ца, ка­ко од Шпа­ни­ја и Гр­ци­ја та­ка и од Ис­ланд и Швед­ска. Не­кол­ку ве­ка тра­е­ла тр­го­ви­ја­та со бе­ли роб­је на се­вер­но­аф­ри­кан­ски­от брег, за­тоа што пи­ра­ти­те од Бер­бе­ри­ја на­у­чи­ле де­ка за­ро­бу­ва­ње­то лу­ѓе е по­ис­плат­ли­во од ог­ра­бу­ва­ње­то бро­до­ви. Из­да­ни­е­то е на АЕА.
Кни­га­та чи­ни 200 де­на­ри. 

"Днев­ни­кот на ед­на со­бар­ка" од Ок­тав Мир­бо

Де­ло­то адап­ти­ра­но за филм од Жан Ре­но­ар, а по­тоа и од Луј Бу­њу­ел е ре­мек-де­ло на Мир­бо кој, пре­ку ис­по­вед­та на ед­на со­бар­ка, от­сли­ку­ва пор­трет на ед­но ко­рум­пи­ра­но и рас­и­па­но бур­жо­а­ско оп­ште­ство.
Бун­тот про­тив оп­штес­тве­но­то ли­це­мер­ство и без­ми­лос­ни­от опис полн со емо­ции на Ок­тав Мир­бо во "Днев­ни­кот на ед­на со­бар­ка" го об­ја­ви "Кул­ту­ра" во еди­ци­ја­та "Жи­ва кни­га".
Це­на­та е 420 де­на­ри.
Б. Вел­ков­ска

  
  
  
  
  

 
најчитани наслови
1. Нe тешеше и успеа да се прости со сите
2. Од шампиони до питачи
3. Монте Карло може вода да и носи на Монтенегро
4. КРАЛОТ Е МРТОВ - Специјален прилог за поп-ѕвездата Мајкл Џексон
5. Црна магија истерувал со евра оти ѓаволот се плашел од ЕУ
6. Пандеви со поубавите половини на одмор во Порто Карас
7. Умрела трудница во лифт
8. Докторот кој и помагаше на "Неда" пронајден во Лондон
9. Почина родилка 12 дена по царскиот рез
10. Европа апансаз
Се враќа малиот комарец дома после првиот пробен лет и го пречекува мајка му:
- И, како беше сине, раскажувај?
- Фантастично беше мамо, сите ми ракоплескаа.
На пиво со Ана

Пријатели на Вест