ОД ПРВИ ЈАНУАРИ
Поскапа вода и ѓубрарина за битолчани
Од први јануари битолчани ќе пијат поскапа вода и ќе даваат повисок надомест за јавна чистота. Одлуката на Советот на Општина Битола цената на водата да поскапи за 117% за домаќинствата и 70% за индустријата, беше донесена пред околу шест месеци. Место сегашните 14 денари за потрошен кубен метар вода, ќе даваат по 30,25 денари, а стопанските субјекти место 26,50, дури 45 денари. ЈП "Водовод" поскапувањето го оправдува со фактот дека со старите цени не можеле да го одржуваат застарениот водоводен систем. Што се однесува, пак, до надоместокот за јавна чистота, истиот бил определен според Законот за јавната чистота од 2008 година, и важел за цела Република. "Надоместокот за јавна чистота од околу 5о денари ќе оди во Општината, а таа, пак, ќе ни плаќа онолку колку што ние ќе завршиме работа", кажува Јовко Крстевски, директор на ЈП "Комуналец". (С.Та.)
|