четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Вест веб вести

ДАНОЧНАТА УПРАВА ЌЕ ЈА ЗАВРШИ 2009 СО 98 % СОБРАНИ ДАНОЦИ

Потфрли данокот на добивка

Управата за јавни приходи очекува до крајот на годинава да реализира 98 отсто од даночните приходи за 2009, кои со вториот ребаланс на Буџетот беа симнати на 73,4 милијарди денари. До вчера беа собрани 61 милијарда денари. Најслабо е собирањето на данокот на добивка, кој е реализиран со 84,8 отсто од 5,1 милијарда денари колку што се планирани со Буџетот.
"Овој данок се пресметува врз основа на финансисиските ефекти од претходната година а и во пакетот антикризни мерки имаше најголеми олеснувања токму кај зафаќањето од овој данок", ги објасни вчера причините за потфрлувањето кај оданочувањето на добивката директорот на УЈП Горан Трајковски.
Наплата на акциза, и покрај тоа што 2009 беше кризна година, е зголемена за 3 проценти споредено со претходната година. Лани биле собрани 13,3 милијарди денари а во 2009 - 13,6 милијарди.
"Бидејќи од 2010 година акцизите ќе ги наплатува Царинската управа, ќе им пренесеме 'златно јајце'", рече директорот Трајковски. (А.С.)


Текстот е прочитан 940 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Малиот Трпе во школо учел за негативните броеви и ништо не му било јасно, па кога дошол дома го прашал татко му да му објасни.
- Види сине, замисли еден автобус и во него има четири патници. На првата станица од автобусот излегле седуммина. Е, види сега во автобусот мора да влезат уште тројца, за автобусот да биде празен.
најчитани наслови
1. Тони Зен со ќерката на Весна Змијанац на Филипините
2. Груевски, власта не Ви дава право на диктатура
3. Продукти што не смеат да недостасуваат на женското мени
4. Бла­ги­ца на че­ло на ма­ке­дон­ска­та фа­лан­га
5. Три приватни јахти за Бебек, Тифа и Ален
6. ДНЕВЕН ХОРОСКОП четврток 29.07.2010
7. Сашко Пандев во штипска Брегалница
8. Негувана коса в лето (2)
9. Ароматична диња
10. Работнички е подготвен за "црвениот" предизвик