РАКОМЕТ - ЧЕЛЕНЏ КУП
Четвртфиналето му се насмевнува на Металург-Скопје
Победа, можеби, не беше во проекциите на новиот лидер на македонскиот женски ракомет Металург-Скопје, но избраничките на Крсто Петрушевски ги надминаа сопствените очекувања и со триумфот од 24:23 на гостувањето кај Слован Дусло Шала направија голем чекор напред кон четврт-финалето на Челенџ купот. Дебитантот во еврокуповите, кој уште на полувремето водел со 11:8, ова ќе треба да го потврди следната сабота во Автокоманда. Најпрецизни во редовите на Металург-Скопје беа Мирјета Бајрамовска со десет и Душица Ѓорѓиоска со седум погодоци, а одлична партија прикажала и голманката Тања Андрејева. |