четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Култура
ВЕЧЕРВА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

Рефлексии на берлинската ликовна сцена во Скопје

"Импресии: Берлинска ликовна сцена" е изложба на дела од 18 автори, која вечер во 20 ч. ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во Скопје. Изложбата, според кураторот д-р Ролф Кулц Мекензи кој ќе биде присутен на отворањето, е авторско видување на актуелната берлинска уметничка сцена, и е рефлексија на уметноста на германската престолнина преку различни генерации уметници.
На изложбата, покрај селекцијата на Мекензи, во која влегуваат врвни германски автори, како Волфганг Патрик, Урс Јеги, Ингеборг Филеп, вклучен е и нашиот реномиран уметник Јован Балов со две свои дела, а во изложбата се вклучени и тројца автори по негов избор од Прима центарот во Берлин.
"Во изборот на уметниците, освен што се трудев тоа да бидат дела кои ќе кореспондираат меѓусебно, пробав да ја одбегнам површната естетика и да ставам акцент врз сложеноста на логиката на формирање на уметноста и на идентитетот на авторите", рече Мекензи, кој важи за еден од најбитните куратори во Германија и автор кој, покрај претставувањето на уметници, работи и на поставувањето и презентацијата на одбраните дела.
Изложбата вечерва ќе ја отвори амбасадорката на Германија во Македонија г-ѓа Улрике Кноц, а ќе биде отворена до 18 август. (И.И.)

Текстот е прочитан 937 пати.
#
Останати наслови од Култура

- Почнува акцијата "Со книга на плажа"
- Изложба и операта "Плаштот" за старт на Скопско лето
- Русите не дојдоа, билетите ќе се враќаат
- Сека Сабљиќ играше пред празна сала
- Фестивал на македонски филм во Франција


  
  
  
  
  

 
најчитани наслови
1. Елвис Бајрам не се запиша во средно
2. Сервер: Ќе ги нарекувам Македонците - Македонци
3. ПАСОК: Слетувањето на владиниот авион со името Република Македонија опасен преседан
4. Жените ме направија човек
5. По­ми­нал на црвено и прегазил полицаец
6. Берлускони и другарите си плаќале женски да им заличат журките
7. Џеј-Џеј и Тони Зен загреани за еден "Модел"
8. Испокршиле три автомобили за да снимаат спот
9. Сека Сабљиќ играше пред празна сала
10. Кило коса во стомакот

Го прашуваат малиот Трпе во градинка .
- Што ќе бидеш кога ќе пораснеш?
- Ќе бидам голем!

                  * * *

Продавам енциклопедија "Британика"...мојата жена знае се!

На пиво со Ана

Пријатели на Вест