петок
10.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Скопје

ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ЗА ДЕЛБА

Кисела Вода и Аеродром повеќе нема да се тужат

Од вчера општините Аеродром и Кисела Вода можат да почнат да ги делат документите и имотот за кои се расправаа четири години

Општините Кисела Вода и Аеродром повеќе нема да се тужат за поделба на ингеренциите. Четиригодишниот спор меѓу двете општини се разреши вчера на седница на Совет на Кисела Вода, кога мнозинството советници изгласаа протокол за поделба. Најдоцна до 30-ти овој месец градоначалникот на Кисела Вода Марјан Ѓорчев на Општина Аеродром треба да $ ги предаде архивата, евиденцијата и документацијата за предмети кои се однесуваат на неа, а кои сега се наоѓаат во архивите на Општина Кисела Вода, а најдоцна до крајот на јули градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски треба да се раздолжи со Кисела Вода со 117.521 денар, долг кој бил направен во Кисела Вода од 12.04.2005 до 31.07.2005.
Градоначалникот Марјан Ѓорчев, кој е предлагач на протоколот, вели дека овој документ го решил историскиот проблем меѓу Кисела Вода и Аеродром.
"Ние го решивме спорот кој четири години не можеа да го решат претходните градоначалници на општините. Досега изгубивме многу спорови на суд и ја оштетивме Општината за еден милион евра. Повеќе нема да се тужиме. Со протоколот, практично, сме поделени, само треба и официјално во наредните денови да си подадеме рака со градоначалникот на Аеродром", изјави Марјан Ѓорчев.
Протокол за делбен биланс минатата недела изгласаа и советниците на Општина Аеродром што, практично, значи согласност на двете општини да си ги поделат документите и имотот. (М.Ѓ.)


Текстот е прочитан 463 пати.
#
Останати наслови од Скопје

- Ќе се гради триумфална порта
- Железниот мост кон Сарај ќе стане пешачки
- Пушкин откриен со поезија на руски
- Осуденици ќе работат во "Комунална", "Паркови" и во "Улици"
- Аеродром ќе гради две нови училишта


  
  
  
  
  

најчитани наслови
1. Паднав на шармот на Шенол
2. Јован: Се надминав себеси како режисер
3. Дневен хороскоп 10 06 среда
4. Интервју со Др. Свен Феј, Развој на производите за нега на лице, Баерсдорф АГ
5. "МКД" е прва шпедиција, но никој не знае која е
6. Ќе се гради триумфална порта
7. Мишел Обама со ќерките на шопинг во Лондон и Париз
8. Гледај ме в очи
9. Беровци прават свадби во Виница
10. И Кака плачел со навивачите на Милан
Трпана била многу ружна и влегува во дуќан со двете деца, и продавачот ја прашува:
- Извинете госпоѓо, децата близнаци ви се?
- Е како близнаци кога едниот има 5 другиот 12 години! А Зошто прашувате?
- Па се чудам кој би можел два пати да ве секса!
На пиво со Ана

Пријатели на Вест