Исус на пегла
Една жена во САД го видела ликот на Исус на нејзината пегла. Мери Џо Коуди прв пат го видела ликот вчера кога влегла во собата на ќерка и. Кафеавата флека на дното на пеглата личи на маж со долга коса. Коуди за весникот "Игл трибјун" изјави дека се надева дека нејзината приказна ќе ги инспирира и другите луѓе за време на празниците. Таа додава дека планира да ја чува пеглата во плакар и да си купи нова
МЕТУЕН, МАСАЧУСЕТС (АП) - Една жена од Масачусетс која неодамна се разделила од сопругот и добила помалку работни часови на работа, вели дека ликот на Исус што го видела на нејзината пегла и влеал надеж дека "животот ќе и биде во ред". Мери Џо Коуди прв пат го видела ликот вчера кога влегла во собата на ќерка и. Кафеавата флека на дното на пеглата личи на маж со долга коса. Четириесет и четиригодишната Коуди е воспитана како католик. Таа и нејзините две ќерки кои се сега на факултет се согласуваат дека ликот личи на Исус и дека е доказ дека "тој слуша". Коуди за весникот "Игл трибјун" изјави дека се надева дека нејзината приказна ќе ги инспирира и другите луѓе за време на празниците. Таа додава дека планира да ја чува пеглата во плакар и да си купи нова.
|
Текстот е прочитан 4556 пати. #
|
|
|
|
|
Трпе имал тешка сообраќајка, десната нога му била многу повредена така да хирурзите одлучиле да му ја ампутираат. После операцијата се буди Трпе од анестезија, а над него стои докторот со насмеано лице: - Докторе, како сум, дали е се во ред? - Како да ви кажам... и така, и така. Имам една добра и една лоша вест. - Леле докторе, ај прво кажете ја лошата. - Па, по грешка ви ја ампутиравме здравата нога. - О Боже господе, па која е тогаш добрата вест? - Е, добрата вест е тоа што повредената нога толку добро е заздравена што немораме воопшто да ја отсечеме. |
Зимата може да биде прекрасна поради снежните радости, но и не баш најдобар пријател на убавината |
|
|
|
|