петок
10.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Вест веб вести

ВО КИСЕЛА ВОДА

Биста на Пушкин ќе ги зближува Русија и Македонија

Бистата со ликот на Пушкин ќе биде во форма на пирамида, тешка 145 килограми, висока 1 метар и опкружена со брези и со 50 клупи со изглед од 19 век

По повод 210-годишнината од раѓањето на рускиот поет Александар Пушкин, Општина Кисела Вода на 6 јуни годинава, на денот на раѓањето на Пушкин, ќе постави биста со ликот на поетот во паркот на улица Пушкинова. Градоначалникот на Општина Кисела Вода Џорџе Арсов, заедно со преставници од Меѓународната федерација на рускојазични писатели и претставници на руската амбасада во Македонија, вчера, на прес-конференција го најави проектот за поставување на бистата и за преуредување на паркот во кој таа ќе стои.
Согласно проектот, бистата ќе биде во форма на пирамида, тешка 145 килограми и висока 1 метар. Ќе биде поставена на средина на паркот, околу кој ќе има 50 клупи со изглед од 19 век. Спроти бистата ќе се изгради плоштад, на кој е предвидено да се организираат музички и други културни настани, а на 6 јуни, на неговиот роденден, планирано е традиционално да се организираат Пушкинови денови. Во паркот ќе бидат засадени брези и ќе бидат поставени ниски жардиниери, по примерот на вистинскиот дом на Пушкин.
"Таксисти ми кажаа дека Кисела Вода е единствена скопска општина која има улица Пушкинова. Јас веднаш отидов на улицата и го посетив градоначалникот Џорџе Арсов. Без размислување, и двајцата одлучивме бистата со ликот на Александар Пушкин да стои токму во Кисела Вода. Најмногу се радувам и се надевам дека паркот на Пушкин ќе ги зближи Русија и Македонија", изјави Елена Силјановска, претставник на Меѓународната федерација на рускојазични писатели, која е иницијатор на поставување на бистата.
Пирамидалната биста, која е донација од Меѓународната федерација на рускојазични писатели, ја изработува Леонид Ватник во Москва и се очекува да пристигне во Скопје кон крајот на април. (М.Ѓ.)


Текстот е прочитан 1104 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Трпе се жалел на кумот Ставре.
- Слушај куме, не ми оди нешто сексов со Трпана.
- Па дај човече смени нешто!
- Е што да сменам?
- Па пробај како мачките.
Утре дента Трпе целиот натажен се среќава со Ставре.
- И кажувај сега Трпе, што си вака кисел, ми го послуша советот?
- Да те послушав, и Трпана сега во болница е, падна од керамиди!
најчитани наслови
1. Гоца доцни со венчаницата
2. Мо­бил­ки­те на осмоодделенките ги кријат клиентите за секс
3. Го спасил другарот и се удавил
4. Кога му го бакнувате, не кријте се со косата
5. Сузана и Елена контра Цеца и Сека
6. 460 илјада долари за голата и бремена Џери Хол
7. Ем повредени, ем депортирани во Македонија
8. ДНЕВЕН ХОРОСКОП петок 10.09 .2010
9. Пратеничката Иванова проба од баклавите
10. Ерменија ни покажа колку вредиме