ВЕЧЕРВА НА ГАЛА ПРОМОЦИЈА НА ПОЗНАТИОТ ВИОЛИНИСТ
Џорлев ќе ги сподели спомените за Тоше
Вечерва, во 19, 30 часот во хотелот "Александар палас" во Скопје, Зоран Џорлев ќе ни овозможи да ѕирнеме во неговата приватна фото архива. "Ѕирни во мојот апарат", го нарече познатиот виолинист спотот за песната "Го лажам секој нов рефрен", што ја испеја Тоше Проески. Во спотот ќе ги видиме неговите лични сеќавања и спомените на дружењето со Тоше. Главниот повод за дружењето со Џорлев е гала промоцијата на неговото прво цеде "Не кажувај либе", со преработките на популарните македонски поп рефрени и евергрини, кое во продажба излезе на крајот од минатата година. На промоцијата, ќе видиме уште еден спот за коктелот од македонските поп-рефрени кој го изработи "Фабрика" продукција. "Алфа" ТВ му помогна на Џорлев да ги стави на спот спомените од Тоше. Забавата која Џорлев ја нарекува несекојдневна ќе продолжи со неговата виолина и свирка во живо. (М.Џ.)
|