ВЕЧЕРВА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ
Рефлексии на берлинската ликовна сцена во Скопје
"Импресии: Берлинска ликовна сцена" е изложба на дела од 18 автори, која вечер во 20 ч. ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во Скопје. Изложбата, според кураторот д-р Ролф Кулц Мекензи кој ќе биде присутен на отворањето, е авторско видување на актуелната берлинска уметничка сцена, и е рефлексија на уметноста на германската престолнина преку различни генерации уметници. На изложбата, покрај селекцијата на Мекензи, во која влегуваат врвни германски автори, како Волфганг Патрик, Урс Јеги, Ингеборг Филеп, вклучен е и нашиот реномиран уметник Јован Балов со две свои дела, а во изложбата се вклучени и тројца автори по негов избор од Прима центарот во Берлин. "Во изборот на уметниците, освен што се трудев тоа да бидат дела кои ќе кореспондираат меѓусебно, пробав да ја одбегнам површната естетика и да ставам акцент врз сложеноста на логиката на формирање на уметноста и на идентитетот на авторите", рече Мекензи, кој важи за еден од најбитните куратори во Германија и автор кој, покрај претставувањето на уметници, работи и на поставувањето и презентацијата на одбраните дела. Изложбата вечерва ќе ја отвори амбасадорката на Германија во Македонија г-ѓа Улрике Кноц, а ќе биде отворена до 18 август. (И.И.)
|
Текстот е прочитан 1009 пати. #
|
|
|
|
|
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија: - Како се случи тоа? - Тајна... - Какви се вашите планови за во иднина? - Да снесам јајце тешко шест килограми. ...Потоа репортерот го прашува петелот: - Како се случи тоа? - Тајна. - Какви се вашите планови за во иднина? - Да му ја скршам главата на нојот! |
|
|
|
|