петок
10.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Интервју со Др. Свен Феј, Развој на производите за нега на лице, Баерсдорф АГ

Дали младата кожа има потреба од специјална нега?
Мозолчињата изгледа се неизбежен дел од пубертетот. Зошто е тоа така и колку млади луѓе патат од пубертетските проблеми на кожата?

Според нас околу 66% од тинејџерите во Европа имаат масна или комбинирана кожа. Ова најчесто е резултат од зголеменото лачење на себум предизвикано од хормоналните промени. Нормално, себумот преку порите излегува на површината на кожата. Но, порите може да се затворат од мртвите клетки од кожата, со што се блокира и циркулацијата на себумот. Ова создава идеална подлога за размножување на бактерии што води до создавање на мозолчињата.


Општопознато е дека производите за нега на кожа и стиковите против мозолчиња само уште повеќе ги затвораат порите, точно ли е тоа?
Не, не е забележано такво нешто воопшто. Всушност, нашите производи се специјално тестирани за да се осигураме дека не се комедогенични, односно не ги затвораат порите и не допринесуваат да се создадат митесери.

Повеќето тинејџери го мијат лицето по неколкупати на ден за да се ослободат од мозолчињата. Што препорачувате вие?
Препорачливо е лицето да се мие двапати на ден, наутро и наваечер, на пример со clean deeper! за убаво да си исчистат порите. Почестото миење на лице, всушност, може да го влоши проблемот, затоа што на тој начин се суши кожата и се поттикнува лачењето на себумот.

Дали младата кожа има потреба од специјална нега?
Младата кожа е многу поинаква од постаратаа. Кога сме млади телото ни се менува многу за време на пубертетот, и сите овие промени се рефлектираат врз кожата. Внатрешните фактори, како што се хормоналните промени, и почетокот на менструалниот циклус кај девојчињата, но и надворешните фактори, како што е начинот на живеење, имаат влијание врз кожата. Токму затоа младата кожа има потреба од производи за чистење и нега на лицето специјално развиени за нејзините потреби. На пример, тука се нашите NIVEA VISAGE YOUNG bye-bye spor! производи кои ја заштитуваат кожата од митесери и мозолчиња, но и ја потхрануваат и ја регенерираат.

Во која насока се движевте при создавањето на производите? Дали ги прашувавте младите луѓе какви производи им се потребни?
Да, се разбира. На почетокот на развојната фаза тестиравме различни концепти со помош на млади девојки. Концептите што беа најдобри според младите беа спроведени на понатамошно разработување. Понатаму, добиените производи беа повторно тестирани на млади девојки и добивме многу добри резултати.

Досега немало специјална ноќна нега за млада кожа. Производите на NIVEA VISAGE YOUNG се први што се појавија на пазарот. Дали кремите против мозолчиња се поефикасни навечер?
Во текот на ноќта кожата полесно ги прима производите за нега. Ова е најважно за младата кожа. Значи, ноќта е идеално време за регенерација на кожата. бѕе-бѕе спот! ноќната нега содржи провитамин Б5 кој активно го поддржува овој процес.

Многу производители тврдат дека со нивните производи мозолчињата веднаш ќе исчезнат. NIVEA VISAGE YOUNG не го прави тоа, зошто?
Не постои начин со кој мозолчињата ќе исчезнат веднаш. Можно е само коге ќе се прикријат со коректор. Но, тоа краткотрајно делува. Во NIVEA VISAGE YOUNG веруваме дека докажаната долготрајна ефикасност е поважна. И потрошувачите ни кажуваат дека подолготрајниот ефект е поважен и за нив исто така.

http://www.nivea.com



Текстот е прочитан 3489 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Трпе се жалел на кумот Ставре.
- Слушај куме, не ми оди нешто сексов со Трпана.
- Па дај човече смени нешто!
- Е што да сменам?
- Па пробај како мачките.
Утре дента Трпе целиот натажен се среќава со Ставре.
- И кажувај сега Трпе, што си вака кисел, ми го послуша советот?
- Да те послушав, и Трпана сега во болница е, падна од керамиди!
најчитани наслови
1. Гоца доцни со венчаницата
2. Мо­бил­ки­те на осмоодделенките ги кријат клиентите за секс
3. Го спасил другарот и се удавил
4. Сузана и Елена контра Цеца и Сека
5. Кога му го бакнувате, не кријте се со косата
6. 460 илјада долари за голата и бремена Џери Хол
7. Ем повредени, ем депортирани во Македонија
8. ДНЕВЕН ХОРОСКОП петок 10.09 .2010
9. Пратеничката Иванова проба од баклавите
10. Ерменија ни покажа колку вредиме