сабота
04.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Спорт

ОТКАКО ГИ ДЕКЛАСИРАА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРКИ СО 7:0

Холанѓанките ја покажаа и хуманата страна

Женската фудбалска репрезентација на Холандија не само што им одржи лекција на македонските колешки во Куманово, туку не пропушти ниту да ја покаже хуманата страна. "Лалињата" заедно со холандската амбасадорка Симоне Филипини истовремено донираа по 100 денари преку своите мобилни телефони за акцијата на амбасадата и на националната фондација за трансплатација за изградба на оделение за интезивна нега на клиниката за детска хирургија. Амбасадорката Филипини ги покани репрезентативките на вечера по убедливиот триумф над нашите девојки во квалификациите за СП 2011 во Германија од 7:0.
- Мислам дека оваа акција ќе успее. Инаку уживавме во натпреварот иако беше неизвесен. Мора да се каже дека женскиот фудбал во Македонија се уште не е ценет. Тоа можеше да се види од слабата посетеност како и од чудните реакции на дел од присутните. Убаво е за девојките да се занимаваат со спорт, пред се со фудбал, а за да имате подобри резултати, тоа мора да се прави поинтезивно и професионално - додаде Филипини.
Холандија без сомневање е една од велесилите во светскиот женски фудбал. Затоа и не чуди исходот од средбата во Куманово како и прва позиција во групата 2 со 13 бода, додека ние сме на дното со нула. Гостинските фудбалерки се задоволни од приемот а некои од нив сепак гледаат надеж за подем на женскиот фудбал кај нас.
- Уште во првото полувреме дадовме шест гола, по што Македонија се повлече. Се играше брзо и забележав дека имате неколку квалитетни играчи но сепак ве очекува уште многу работа - кажа капитенот на Холандија, Ману Мојлен. (Н.П.)


Текстот е прочитан 451 пати.
#
Останати наслови од Спорт

- ТОП 5 КЛУБОВИ-МАКЕДОНСКИ КОЛОНИИ
- Најдобриот не е и најплатен
- Дресот на Пандев е најпродаван
- Суперорлите во дефанзивно издание
- Форлан пак кобен за Ливерпул
- Догодина повторно силен МЗТ
- Оклахома и Чикаго се спасија од чистка
- Кале-Кичево се смири со своите играчи
- Победата поважна од парите
- Мурињо држел ресторан со судијата












ВИЦ НА ДЕНОТ
Оди малиот Трпе у продавница за животни да си купи куче и му вика на продавачот да му го даде најдоброто куче што го има:
- Имам едно куче етен е јако, кога ќе му кажеш на пример кунг-фу фотеља, он ќе ја изеде фотељата, или му викаш кунг-фу топка, он ја даде топката.
Си го купил малиот Трпе кученцето и го однел дома. Кога го видел татко му го прашал:
- Какво ти е ова смотано куче?
- Тато, ова е кунг-фу куче.
- Е како не, кунг-фу...кур мој.
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска
Кинески двокатни автобуси за 35 милиони евра. Зошто од сите, баш нам ова ни се случува?
најчитани наслови
1. ТОП 5 КЛУБОВИ-МАКЕДОНСКИ КОЛОНИИ
2. Ра­да роди ќерка
3. Немате појма што уште нè чека
4. Калашников дискриминација
5. Дресот на Пандев е најпродаван
6. Нов нелегален бутик за брендирана стока
7. Во Македонија се пие само мохито и секс он д бич
8. Урната првата куќа кај Зоолошка
9. Тирана не го сака Трпевски
10. Мурињо држел ресторан со судијата