четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

ТОП 5 ДЕРБИ-СРЕДБИ

Она што за Лондон е Арсенал-Тотенхем, тоа е Милан-Интер за Милано. Шпанија го има "Ел Класико" Реал Мадрид-Барселона, а Аргентина "Суперкласико" Бока-Ривер. Во Грција, секој дуел на Панатинаикос и Олимпијакос е меч од висок ризик, исто како кога во Србија играат Партизан и Црвена звезда. Овие натпревари се повеќе од обични, тие се "вечни", за нив се живее, но имало случаи и за нив да се гине. "Вест" ги избра петте најголеми дерби-средби во поновата историја на македонскиот спорт.

1. Работнички-МЗТ Скопје

Без разлика дали се борат за титулата или се оддалечени неколку позиции на табелата, за двете скопски екипи, а особено за нивните фанатични навивачи, овие натпревари се свети, прашање на чест и престиж и победата секогаш е императив. "Вечните" секогаш се следени од жестока борба, досетливи скандирања и транспаренти, предмети на паркетот, зачадени трибини, инциденти што "мирисаат" во воздухот... Преминувањето од еден во друг клуб е непростливо.

2. Вардар-Пелистер

Ривалството помеѓу Скопје и Битола никогаш не стивнало, ама значењето на поимот дерби тука им е познато само на позрелите навивачи на овие два клуба. Дуелите на Вардар и Пелистер, како во фудбалот, така и во ракометот, одамна ги немаат некогашните жар и квалитет, одамна не будат интерес кај јавноста, но корените на терминот дерби во македонскиот спорт лежат токму тука.

3. Вардар-Металург

Со години само градски ривали чии меѓусебни дуели немаа никакво влијание врз исходот на првенството, овие пресметки, според многумина, денес се најголемото ракометно дерби на бившите ју-простори. Наелектризирани, провокативни, драматични, со тек на време тие се претворија во личен натпревар на двајцата најголеми спонзори на македонскиот ракомет Михајло Михајловски и Минчо Јорданов, кои се тркаат кој ќе донесе попознато тренерско или играчко име.

4. Бучим-Балканец

Борењето е еден од носечките и најтрофејни спортови во нашата земја, а Радовиш и Штип се два од неговите најразвиени центра и ривалството помеѓу нивните клубови Бучим и Балканец непрекинато трае веќе 20-ина години. За тој период се изменуваа како прваци, а штипјани отидоа и голем чекор подалеку, освојувајќи ги Купот на европските шампиони и Интерконтиненталниот куп. Неретко во нивните дуели се излегува(ше) и од границите на борењето.

5. Пелагониско дерби

Ова регионално дерби на битолски и прилепски екипи, можеби, ја нема вообичаената тензија и играчите често мигрираат кај соседот, но, на локално ниво, привлекува голем интерес. Она што го почнаа Пелистер и Победа во фудбалот, едно време соодветно го следеа Пелистер и Тутунски комбинат во ракометот, но денес се се сведува на одржување на една убава спортска традиција.



Текстот е прочитан 12052 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
...Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!
најчитани наслови
1. Узбекистанците на Ристиќ му подарија БМВ од 150.000 долари
2. Неготинци се плашат од семафорите
3. Свадба со естрадни фаци
4. ПРАЗНИЧЕН ХОРОСКОП - 07-08-09.09 .2010
5. Држете се до основната понуда
6. Писменоста е женска сила
7. Двете кафулиња ни плаќаат за летните тераси
8. Груевски нема да сведочи против битолскиот фармер Душко
9. Осум килограми марихуана во гаража
10. Негувајте ја кожата со масни кремови