Негувана коса в лето (2)
Дали да го смените шампонот и балсамот кога сте на одмор?
Веројатно е подобро, но не и неопходно, да користите малку похидратантен балсам кога одите на одмор. Како резултат на тоа што почесто ја миеме косата кога сме на одмор, ни се создава чувство на тежина од секојдневниот шампон и балсам, па се советува да се користат поблагите формули на средствата за коса кои веќе ги користите.
Треба ли да се користат средства за исправање на косата кога сме на одмор?
Косата се оштетува кумулативно. Концентрираното оштетување, на пример, на еден двонеделен одмор, кога УВ зраците ги уништуваат протеините на косата, солената вода н ја ослабува структурата и често ја користиме пресата за исправање(скоро секоја вечер пред излегување), придонесува за поголемо ослабување на косата и таа станува поранлива. Решението е да се ограничи степенот на оштетување, што значи поголема заштита, исто како што ја заштитуваме кожата кога сме на одмор, со зголемување на бројот и видот на третманите за нега.
(Крај)
|