четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

ВО КИСЕЛА ВОДА

Биста на Пушкин ќе ги зближува Русија и Македонија

Бистата со ликот на Пушкин ќе биде во форма на пирамида, тешка 145 килограми, висока 1 метар и опкружена со брези и со 50 клупи со изглед од 19 век

По повод 210-годишнината од раѓањето на рускиот поет Александар Пушкин, Општина Кисела Вода на 6 јуни годинава, на денот на раѓањето на Пушкин, ќе постави биста со ликот на поетот во паркот на улица Пушкинова. Градоначалникот на Општина Кисела Вода Џорџе Арсов, заедно со преставници од Меѓународната федерација на рускојазични писатели и претставници на руската амбасада во Македонија, вчера, на прес-конференција го најави проектот за поставување на бистата и за преуредување на паркот во кој таа ќе стои.
Согласно проектот, бистата ќе биде во форма на пирамида, тешка 145 килограми и висока 1 метар. Ќе биде поставена на средина на паркот, околу кој ќе има 50 клупи со изглед од 19 век. Спроти бистата ќе се изгради плоштад, на кој е предвидено да се организираат музички и други културни настани, а на 6 јуни, на неговиот роденден, планирано е традиционално да се организираат Пушкинови денови. Во паркот ќе бидат засадени брези и ќе бидат поставени ниски жардиниери, по примерот на вистинскиот дом на Пушкин.
"Таксисти ми кажаа дека Кисела Вода е единствена скопска општина која има улица Пушкинова. Јас веднаш отидов на улицата и го посетив градоначалникот Џорџе Арсов. Без размислување, и двајцата одлучивме бистата со ликот на Александар Пушкин да стои токму во Кисела Вода. Најмногу се радувам и се надевам дека паркот на Пушкин ќе ги зближи Русија и Македонија", изјави Елена Силјановска, претставник на Меѓународната федерација на рускојазични писатели, која е иницијатор на поставување на бистата.
Пирамидалната биста, која е донација од Меѓународната федерација на рускојазични писатели, ја изработува Леонид Ватник во Москва и се очекува да пристигне во Скопје кон крајот на април. (М.Ѓ.)


Текстот е прочитан 1037 пати.
#












  
  
  
  
  

најчитани наслови
1. По­лес­на но по­сил­на
2. Рада шефица на набљудувачка мисија во Киргистан
3. Џорлев ќе ги сподели спомените за Тоше
4. Зграпчи го Вест...
5. Во канцеларија
6. Украла илјада куфери од аеродром
7. Зошто од чешање олеснува?
8. Со хеликоптер спасувале човек што се смеел
9. Америка повторно во златна треска
10. Првпат пресадени лице и дланки
Зошто петелот толку рано кукурига?
- Затоа што кога ќе се разбудат кокошките, не смее да писне!

***

Кај Св.Петар разговараат Француз, Германец и Македонец за тоа како умреле.
- Ја купив нов цитроен и се спукав - вика Французов.
- А ја го купив најновото БМЊ и удрив во бандера - вика Германецот.
И дошол на ред Македонецот.
- А бе го видов комшијата како вози ауди, па купив и ја, и си умрев од глад!

ПРО­МО­ЦИ­ЈА НА НО­ВА­ТА ФОРД ФИ­ЕС­ТА
По­лес­на но по­сил­на и со ком­пак­тна ша­си­ја, но­ва­та форд фи­ес­та е че­кор по­нап­ред од неј­зи­на­та прет­ход­нич­ка и се оче­ку­ва да кон­ку­ри­ра за наг­ра­да­та за ав­то­мо­бил на го­ди­на­та. Мо­дер­ни­от ди­зајн и ши­ро­ки­от спек­тар на ино­ва­ции ја пра­ват фи­ес­та­та ед­на од нај­ба­ра­ни­те ма­ли ав­то­мо­би­ли на по­че­то­кот на го­ди­на­та.
Оваа диета за многумина изгледа неверојатна, особено заради тоа што во појадокот е вклучена сланина. Сепак, тие кои ја применувале велат дека ефектот е одличен