Бомба разнесе пензионери додека чекале ред за пензии
БАГДАД, 29 јули - Во експлозија на бомба во багдадското предградие Садр сити вчера загинаа шест пензионери, а 15 се ранети. Според полицијата бомбата била поставена во близина на државна банка во шиитскиот дел од Багдад и експлодирала додека тие чекале ред за земање пензија. Бројот на пензионери ред банката бил помал од вообичаеното бидејќи многумина заминале на прослава на верски празник во светиот град Кербала. Неколку стотици илјади верници се очекуваат оваа недела во Кербала по повод одбележување на раѓањето на имамот Мохамед ал Мехди. |
Текстот е прочитан 360 пати. #
|
|
|
|
|
Малиот Трпе во школо учел за негативните броеви и ништо не му било јасно, па кога дошол дома го прашал татко му да му објасни. - Види сине, замисли еден автобус и во него има четири патници. На првата станица од автобусот излегле седуммина. Е, види сега во автобусот мора да влезат уште тројца, за автобусот да биде празен. |
|
|
|
|