четврток
29.07.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

МА­КЕ­ДОН­СКО­ТО ЗНАМЕ НА ПОПУЛАРНА БОЕНКА ВО ГЕРМАНИЈА

Шо­ле плови за Македонија

На насловната се насликани неколку животни кои во куфер пловат на отворено море, а крокодилот го држи јарболот на кој се вее македонското знаме

Ма­ке­дон­ско­то знаме се најде на насловната страница на популарна бо­ен­ка за деца во Германија. На насловната се насликани неколку животни кои во куфер пловат на отворено море, а крокодилот го држи јарболот на кој се вее македонското знаме.
Нас­ло­ве­на "Шоле на пат околу светот", боенката е дел од серијата "Мо­ја­та магична боенка", која се печати во околу половина милион примероци и се продава низ Германија во супермаркетите "Алди" за цена од 1,99 евра.
"Вест" успеа да го најде и авторот на боенката - илустраторот Харалд Рич кој, меѓу другото, редовно објавува карикатури и во едно популарно гер­ман­ско компјутерско списание.
Тој најпрвин беше изненаден што добива повик од Македонија, и призна де­ка не е баш сигурен каде се наоѓа земјата. Ни рече дека изборот на зна­ме­то бил случаен.
"Се­ка­ко дека ни е драго што нашите изданија будат меѓународен интерес, ду­ри до Македонија", ни рече Михаел М. Л. Лехенбауер, директорот на гер­ман­ска­та издавачка куќа "Медија шајдег" која ја печати боенката.


Текстот е прочитан 6664 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Малиот Трпе во школо учел за негативните броеви и ништо не му било јасно, па кога дошол дома го прашал татко му да му објасни.
- Види сине, замисли еден автобус и во него има четири патници. На првата станица од автобусот излегле седуммина. Е, види сега во автобусот мора да влезат уште тројца, за автобусот да биде празен.
најчитани наслови
1. Тони Зен со ќерката на Весна Змијанац на Филипините
2. Груевски, власта не Ви дава право на диктатура
3. Продукти што не смеат да недостасуваат на женското мени
4. Бла­ги­ца на че­ло на ма­ке­дон­ска­та фа­лан­га
5. Три приватни јахти за Бебек, Тифа и Ален
6. ДНЕВЕН ХОРОСКОП четврток 29.07.2010
7. Сашко Пандев во штипска Брегалница
8. Негувана коса в лето (2)
9. Ароматична диња
10. Работнички е подготвен за "црвениот" предизвик