четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет

ПРЕ­МИ­Е­РОТ БОРУТ ПАХОР МУ ПОНУДИЛ ПОМОШ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ

Сло­ве­ни­ја ќе посредува меѓу Македонија и Грција

Сло­ве­неч­ки­от премиер Борут Пахор ќе посредува во спорот за името ме­ѓу Македонија и Грција, дознава "Вест" од дипломатски извори.

Па­хор самиот се понудил да ја има оваа улога, сакајќи да $ помогне на зем­ја­ва што побрзо да ги започне пристапните преговори со Европската уни­ја.
"На­ша желба е да помогнеме. Ние отсекогаш сме ја поддржувале Ма­ке­до­ни­ја. Сите услуги за таа цел ќе ги ставиме на располагање. Со оглед и на ис­кус­тво­то кое го имаме со Хрватска, ќе дадеме сe од себе спорот да биде ре­шен", ни изјавија анонимни извори од кабинетот на словенечкиот пре­ми­ер.
Од владини извори дознаваме дека посредници од Словенија веќе не­кол­ку­па­ти доаѓале и контактирале со кабинетите на македонскиот прет­се­да­тел Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски. Наводно, прет­се­да­те­лот Иванов се согласил Пахор да посредува во спорот, но премиерот Гру­ев­ски сe уште размислувал дали таа варијанта би била поволна за Ма­ке­до­ни­ја.
Доз­на­ва­ме дека Пахор вчера требало да го убедува Груевски дека пос­ред­ниш­тво­то може да биде корисно, бидејќи официјално требаше да дојде во земјава за да даде симболична поддршка за визната либерализација, а пред­ви­де­но беше и да говорат заедно со Груевски на прославата на плош­та­дот Македонија. Тоа би бил симболичен потег за визната ли­бе­ра­ли­за­ци­ја, која стапи во сила денес, на предлог на Словенија. Како негова прет­ход­ни­ца вчера беа најавени и словенечките европарламентарци Тања Фа­јон, која го подготви извештајот за визната либерализација за Ма­ке­до­ни­ја, и Зоран Талер, известувачот за земјава во ЕП.
На­ши­те извори велат дека пратеници контактирале и со грчката Влада и го запознале и премиерот Јоргос Папандреу со оваа словенечка ини­ци­ја­ти­ва.
"Да­ли ќе се оствари ваквиот предлог на Пахор, зависи од двете страни. За да го пренесе Па­хор словенечкото искуство со спорот со Хрватска и на проб­ле­мот помеѓу Македонија и Грција, ќе треба согласност да дадат и две­те земји", додава нашиот извор.
Сло­ве­ни­ја е познат поддржувач на Македонија во Унијата и во НАТО, и по­ве­ќе­па­ти претставувала иницијативи за побрзо пристапување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Сепак, на Советот на министри за надворешни ра­бо­ти на ЕУ, одржан на 7 декември, кога на Македонија, поради Грција, не $ беше даден датум за преговори, Словенија се држела настрана. Пре­ми­е­рот Пахор подоцна изјави дека Грција може да смета на солидарноста во ЕУ, што предизвика чудење во Македонија, која ја сметаше Словенија за нај­го­лем поддржувач и лобист.
Д. Ду­ри­дан­ски

***

Словенците пак ја блокираа Хрватска

Сло­ве­ни­ја повторно неделава ги блокираше преговорите на Хрватска со Ев­роп­ска­та унија. Според дипломатски извори на "Ројтерс", иако двете зем­ји се договорија преговорите да почнат, Словенија блокирала три пог­лав­ја.
"Има­ме резерви", изјавил словенечки дипломат, кој додал дека блокадата би можела да биде тргната на почетокот на 2010 година.
Не биле прецизирани причините за блокадата на трите отворени поглавја, кои ги покриваат животната средина, рибарството и надворешната и од­бран­бе­на­та политика.
Хр­ват­ска засега има отворено преговори во 28 од 33 поглавја, а со зат­во­ра­ње­то на сега блокираните три ќе дојде до бројка од 17 затворени пог­лав­ја.
Сло­ве­ни­ја, пак, и самата има искуство од блокадата на Италија поради гра­ни­ца­та и поради проблематичниот закон за купување имот во земјата на италијански државјани. За нешто слично приговараше и Австрија, но тие проблеми беа решени пред влезот на Словенија во ЕУ.


Текстот е прочитан 4192 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
...Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!
најчитани наслови
1. Узбекистанците на Ристиќ му подарија БМВ од 150.000 долари
2. Неготинци се плашат од семафорите
3. Свадба со естрадни фаци
4. ПРАЗНИЧЕН ХОРОСКОП - 07-08-09.09 .2010
5. Држете се до основната понуда
6. Писменоста е женска сила
7. Двете кафулиња ни плаќаат за летните тераси
8. Груевски нема да сведочи против битолскиот фармер Душко
9. Осум килограми марихуана во гаража
10. Негувајте ја кожата со масни кремови