четврток
09.09.2010

Скопје


Охрид

    

Прва
Македонија Црна хроника Култура Скопје Живот Спорт Свет Бизнис барометар Калеидоскоп Култура свет
Вест веб вести

Евро Балкан

Во НАТО и во ЕУ со климатизирани автобуси од Арачиново...Пишува Горан Михајловски

1   Точ­но пред една година, на ова место имав опишано еден настан кога ЕВН му ја исклучи струјата на цело Арачиново.
Еден од селаните, со сметките в рака, викаше дека имал платено, и жес­то­ко критикуваше: "Камо полиција, камо суд во оваа држава? ".
Е камо де, камо? И јас тоа се прашувам сите овие години.
Ис­то како сега, кога се подгрева атмосфера дека датум за преговори со ЕУ ќе се добие ако се смени името, и тогаш, поттикнати од раз­о­ча­ру­ва­ње­то од Букурешт, кога Македонија не доби покана за НАТО, во албанскиот по­ли­тич­ки блок се форсираше тезата дека поради името, Албанците од Ма­ке­до­ни­ја ќе бидат колатерална штета на Македонците затоа што не мо­жат да влезат во ЕУ и во НАТО.
Се сеќавам дека пред една година, само ден пред прилогот на телевизија во кој совесниот плаќач на струја повикуваше на правда, одеше анкета со пра­ша­ње­то: На што се греете? Притоа еден од анкетираните на Бит-па­зар даде логичен одговор: "Па на струја, нормално. Немам работа, немам пла­та. На што да се греам?".

2    Е сега работите се изменети. На Албанците од Македонија им здодеа да ги чекаат Македонците на патот кон ЕУ и НАТО. Па по традиција, нивните по­ли­тич­ки лидери најавуваат радикални мерки. Потпретседателот на ДУИ Ра­физ Алити се закани дека "Албанците со или без Македонците ќе вле­зат во НАТО и во Европската унија".
Ев­роп­ска­та унија одвај чека да ги земе Албанците од Македонија. Кај нив та­му одамна немаат видено што се тоа радикални мерки. Во земјите на ЕУ одам­на никој од лидерите на политичките партии не се заканил дека на из­бо­ри­те ќе има касапаана. Кога во ЕУ имало семејно гласање? Одвај че­ка­ат да избројат 102 отсто излезност. Копнеат да имаат ем демократски из­бо­ри ем да ја почитуваат традицијата на пукање, а понекогаш и уби­ва­ње. Во ЕУ одамна немале таква членка што е пример за перфектна нап­ла­та на струја и вода. Кој ли нив ќе им покаже што е беспрекорна фис­ка­ли­за­ци­ја, ако не се угледаат на примерот на Западна Македонија. Никој во ЕУ не може да се пофали со таква почит кон полицијата и судството ка­ква што покажуваат Албанците од Македонија. Конечно и во земјите на ЕУ ќе се воведе стандардот секогаш кога ќе се апсат криминалци, заедно со полицијата да оди и екипа на ОБСЕ.
Зе­ме­те си ги Албанците во ЕУ и во НАТО. Можеби со тој себап и нас Ма­ке­дон­ци­те ќе нe повлечат натаму.
Притоа имам само една желба. Да ме викнете да присуствувам на све­че­на­та церемонија кога во Брисел ќе го потпишувате Рамковниот договор. Са­кам лично да ви честитам дека сте ги достигнале нашите стандарди.

3    Да кажеше некој потпретседател на партија на Македонците дека ќе ја ра­ди­ка­ли­зи­ра состојбата и оти Македонците ќе одат некаде без Ал­бан­ци­те, од Брисел и од Вашингтон ќе нe дигнеа на клоци. Впрочем, видовте ка­ко реагираа за неколку пасуси од Енциклопедијата.
Ама, кога таква изјава ќе даде потпретседател на партија на Албанците, уш­те и ќе те искараат оти бараш од нив да ја осудат. Како што ни изјавија од американската амбасада дека "изјавата на г. Алити не помага", ама "тие што се занимаваат со оваа изјава од еден индивидуалец, го тргаат фо­ку­сот од важните напори за обезбедување членство во ЕУ и во НАТО". И во Брисел не го осудија настапот на Алити. Портпаролот на Оли Рен ни из­ја­ви дека Европската комисија нема да ја коментира изјавата на Алити.
Из­ви­не­те што прашавме и ја дефокусиравме јавности оти побаравме да ја осу­ди­те изјавата. Ние мислевме дека изјавата е важна оти ин­ди­ви­ду­а­ле­цот што ја даде не ја раскажа во кафеана туку неколку пати ја повтори во раз­лич­ни медиуми. Башка, индивидуалецот е потпретседател на партија која е сериозен партнер во коалициската влада. И, конечно, ин­ди­ви­ду­а­ле­цот во Парламентот влезе во командантска униформа, па ние, наивни, по­мис­лив­ме дека кога зборува за радикални мерки, способен е и да ги пре­зе­ме.
Ед­на недела пред изјавата на Алити, и пратеничката Ермира Мехмети - Де­ва­ја раскажуваше зошто ДУИ не сака референдум. Затоа што, наводно, то­гаш Албанците ќе гласале за ЕУ и за НАТО, а Македонците, сакајќи да го за­чу­ва­ат името, ќе гласале против. И ете ти нова меѓуетничка беља во Ма­ке­до­ни­ја.
Ва­шин­гтон и Брисел не поттикнуваат да се фокусираме кон ЕУ и НАТО за да ја искористиме "новонастанатата ситуација". Албанците во Македонија се нетрпеливи на патот кон ЕУ и НАТО. И сето тоа заедно, кога ќе го пре­ве­деш на нашки, звучи приближно вака: "Ако не сте умни, ќе ви ги пуштиме Ал­бан­ци­те!".
Впро­чем, имаат ли политичките лидери на Албанците во Македонија од 2001 досега понудено нешто друго освен закани дека пак може да дојде до тепачка? Која што на крај пак ќе заврши со евакуација во кли­ма­ти­зи­ра­ни автобуси од Арачиново. Кои овој пат ќе ги одведат директно во ЕУ и во НА­ТО.

4    Во тепачката кон ЕУ и НАТО загинале двајца другари. И Господ ги пра­шал: "Сакате да одите во балкански пекол или во европски пекол?". Едниот ре­кол: "Цел живот сонував за Европа. Кога не ја видов додека бев жив, дај барем сега од одам во европски пекол". И Господ го пратил таму.
Дру­ги­от рекол: "Ќе си останам јас на Балканот. Не сум сигурен дека сум ги ис­пол­нил стандардите". И Господ го пратил во балкански пекол.
Ги укинале визите и, по извесно време, двајцата другари се среќаваат. И си рас­ка­жу­ва­ат како им е:
Ев­ро­пе­е­цот вика: "Си има закони, си има систем. Секое утро ме будат во ис­то време. Штом ќе ме разбудат, ме ставаат во казанот. Ме вријат из­вес­но време и после сум раат цел ден". А Балканецот му се жали: "Лесно ти е тебе. Кај нас еден ден нема казан, друг ден нема вода, трет ден нема кој да го запали огнот. И тамам кога сe ќе се погоди, ќе има и казан, и вода, и оган, ќе заборават да нe разбудат. Ни­ка­ко да го видиме пеколот".


Текстот е прочитан 5358 пати.
#












ВИЦ НА ДЕНОТ
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
...Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!
најчитани наслови
1. Узбекистанците на Ристиќ му подарија БМВ од 150.000 долари
2. Неготинци се плашат од семафорите
3. Свадба со естрадни фаци
4. ПРАЗНИЧЕН ХОРОСКОП - 07-08-09.09 .2010
5. Држете се до основната понуда
6. Писменоста е женска сила
7. Двете кафулиња ни плаќаат за летните тераси
8. Груевски нема да сведочи против битолскиот фармер Душко
9. Осум килограми марихуана во гаража
10. Негувајте ја кожата со масни кремови