Стјуардеси, градежници, менаџери на хотели, газди на ресторани, но и готвачи, собарки и продавачки, стотици Македонци нашле работа во Катар. Колку точно, нема податок. Од македонската амбасада во Катар велат дека на почетокот на 2011 ги имало 75. Денес, само во "Катар ервејс" работат 50.
